Како што пренесува весникот Ла Република, Наполи се обидел да го одложи трансферот на Рандал Коло Муани со цел напаѓачот да не биде во комбинација за дербито на „Диего Марадона“.
„Старата дама“ вчера го комплетираше трансферот на Рандал Коло Муани, напаѓачот конечно ќе може да му се стави на располагање на Тијаго Мота откако пристигна во Торино минатата недела но мораше да чека за да се создадат услови за реализирање на зделката.
Се очекува тој да добие шанса веќе утре против Наполи, а како што пренесува Ла Ребулика, „наполитанците“ се обиделе со валкани игри пред дербито.
Тие се обиделе да го искористат добриот однос со ПСЖ и да издејствуваат „светците“ уште неколку денови да одолговлекуваат со Рандал Коло Муани, за Французинот да не биде во комбинација за пресметката на „Диего Марадона“.
Сепак, „светците“ не биле заинтересирани за вакви ниски удари, па веднаш штом се создале услови, дозволиле Рандал Коло Муани да го комплетира трансферот во Јувентус.