Наполи со три бода се враќа од Фиренца, Елмас ги одигра првите минути (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Елиф Елмас ги одигра првите минути откако се врати во Наполи, а неговиот тим со 3-1 славеше на гостувањето кај Фиорентина.

Елмас во игра влезе во 69. минута на местото од Кевин Де Брујне.

Резултатот го отвори токму Де Брујне со гол од пенал уште во шестата минута.

Веќе во 14. минута беше 2-0 за Наполи благодарение на гол на Хојлунд.

По шест минути игра во вториот дел Беукема даде гол за предност на наполитанците и од 3-0.

Во финишот Раниери постигна почесен гол за Фиорентина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×