Наполи се договори со Љоренте, но го стави на „стенд-бај“ поради ултиматумот за Икарди

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека тамошниот вицепрвак
Наполи веќе ги договорил условите со искусниот напаѓач Фернандо Љоренте, дури и
покрај интересот на Фиорентина, меѓутоа тимот на Анчелоти му даде на Мауро
Икарди дополнителни 48 часа за да се повлече од Интер.

Наполи веќе ги
засили сопствените редови со ангажманот на Лозано од ПСВ, меѓутоа се уште е во
потрага по централен напаѓач кој би му се приклучил на Милик, а веројатно е
дека прв избор е Икарди, алтернативно решение е Љоренте.

Во Италија
веруваат дека Икарди е прва желба на Анчелоти за ова лето, меѓутоа Аргентинецот
одбива да го напушта Интер ако причината не е Јувентус, и покрај тоа што има
голема веројатност да биде изоставен од тимот цели шест месеци до идниот
преоден рок, откако доби јасна порака од клубот и тренерот Конте дека не е во
плановите за новата сезона.

Не се исклучува
можноста да дојде до „помирување“ во Интер, откако на Аргентинецот му беше
доделен дресот со број „7“ за новата сезона, откако бројот „9“ му беше доделен
на новото засилување Лукаку.

Во меѓувреме, „деветката“
во Јувентус остана отворена дилема, се верува дека „Старата дама“ е во
исчекување на конечна разрешница во Интер по прашањето на Икарди и можноста за
трампа со Дибала.

„Кориере Дело
Спорт“ сепак наведува дека Наполи се уште не губи надеж во трката за Икарди, па
така на аргентинскиот напаѓач веќе му дале ултиматум од 48 часа за да донесе
конечна одлука околу неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×