Наполи само го налути „кралот“, сигурен триумф на Реал Мадрид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја доби првата битка со Наполи во осминафиналето од Лигата на шампионите и создаде предност од два гола разлика.

Натпреварот почна одлично за Наполитанците, Инсиње во 8. минута постигна гол од повеќе од 30 метри за водство од 1-0.

Но радоста не траеше долго, во 19. минута Бензема со глава реализираше за изедначување на резултатот на 1-1, со реми се замина на одморот.

Брзо во второто полувреме Крос погоди за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 1-0, а пет минути подоцна Касемиро со бомба реализираше за конечни 3-1.

Победата од два разлика би требало да биде доволна за Реал Мадрид, но Наполи сигурно нема да излезе со бело знаме на реваншот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани