Наполи сака ново засилување од „Олд Трафорд“: Јунајтед бара 60 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Наполи изминатото лето се засили со Мектоминеј од Манчестер јунајтед и тој потег се покажа како одличен бидејќи шкотскиот фудбалер прикажува одлични настапи во Неапол, а сега наводно сопственикот Де Лаурентис сака да доведе уште еден фудбалер од „Олд Трафорд“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи започнал почетни преговори со Расмус Хојлунд кој не се прослави во Манчестер.

Лукаку добро си ја врши работата, но на Наполи му е потребен уште еден напаѓач во ротацијата бидејќи наредната сезона е извесно дека ги чекаат и натпреварите во Лигата на шампионите. Осимен ќе се врати, меѓутоа поради лошите односи со раководството веднаш ќе биде проследен во друг клуб.

Манчестер јунајтед за Хојлунд плати 75 милиони евра на Аталанта во 2023 година, но напаѓачот не ги оправда очекувањата.

Но и покрај тоа во клубот го проценуваат на 60 милиони евра, сума која Напли може да си ја дозволи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани