Наполи преку Удинезе се врати на врвот, Милан заборави да постигнува голови на Сан Сиро (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Наполи не се
откажува лесно од првото место на табелата, избраниците на Сари попладнево
минимално со 0-1 славеа на гостувањето во Удине.

Стрелец на
единствениот гол беше Жоржињо во 33. минута. Бразилецот со италијански пасош
најпрво промаши од белата точка, но прв стигна до одбиената топка и ја смести
во мрежата за победа со која „Наполитанците“ се вратија на врвот во Серија А.


Милан продолжува
со серијата слаби резултати во Серија А, попладнево „Росонерите“ одиграа само
0-0 пред своите фанови со Торино.

Калиниќ имаше
неколку добри шанси, но напаѓачот немаше свој ден, па Милан четврти натпревар
во низа на Сан Сиро не успева да постигне гол во домашното првенство.


Рома остана
покуса за два бода од гостувањето кај Џенова, Ел Шарави по еден час игра ја
донесе „Волчицата“ во предност, но домаќините стигнаа до реми откако Лападула
во 70. минута реализираше пенал.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани