85
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се најде во центарот на скандал во Наполи, откако не се појавил на официјалниот повик за денешниот тренинг на тимот.
Клубот експресно реагираше со соопштение во кое потврди дека разгледува дисциплински мерки против искусниот напаѓач, а ситуацијата сериозно може да влијае врз неговиот статус во екипата.
„Клубот разгледува како да постапи со дисциплински мерки и ја анализира можноста Ромелу Лукаку да биде исклучен од тимот“, стои во официјалната реакција на Наполи.
Овој потег на Лукаку доаѓа во чувствителен период за клубот, а останува да се види дали ќе следува жестока санкција или двете страни ќе најдат решение во наредните денови.