Наполи подготвува нова „бомба“: Де Брујне нема да биде единственото засилување од Манчестер?

by Стефан
1 минути читање

Според бројни извори, Наполи е подготвен да влезе во нова сериозна офанзива на пазарот и да го доведе  уште еден фудбалер на Манчестер сити и тоа Џек Грилиш кој е пред заминување од „Етихад“.

Првичната понуда од 35 милиони евра била одбиена од страна на „граѓаните“, но во Неапол се подготвени да понудат и повеќе пари. Грилиш е високо на листата желби на Антонио Конте, кој претходно покажуваше интерес и за младиот ас на Манчестер јунајтед, Алехандро Гарначо. Сепак, англискиот клуб ги изненадил Италијанците барајќи дури 70 милиони евра.

За разлика од тоа, ангажманот на Грилиш се чини како далеку поостварлива цел. Конте смета дека токму Грилиш би можел да донесе дополнителен креативен импулс во тимот, а дополнителна причина за ваков трансфер може да биде и доаѓањето на Де Брујне.

Ќе потетиме, Манчестер сити за Грилиш плати 117 милиони евра на Астон вила и во еден период токму овие двајца беа едни од најважните во средниот ред на гигантот од Манчестер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×