Наполи победи, Елмас го даде првиот гол оваа сезона! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Наполи со 2-1 го победи Торино во меч кој гол даде и нашиот Елиф Елмас, тоа за него беше прв погодок оваа сезона.

Наполитанците одлично го почнаа мечот, поведоа уште во седмата минута со гол на Алисон Сантос.

Во 68. минута по асистенција на Политано, Елмас постигна гол со полуволеј за водство на Наполи и од 2-0.

Судбината сакаше својот прв гол оваа сезона да го постигне токму против Торино, клубот во кој беше на позајмица минатата сезона.

Во 87. минута Касадеи даде гол за Торино за интересна завршица, но гостите не успеаа да избегнат пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×