Наполи немал лош тренер како Гатузо дури 20 години, пораз и од Фиорентина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На средината од
декември, Аурелио Де Лаурентис се раздели со стратег од светска класа како
Карло Анчлеоти и го донесе недокажаниот Џенаро Гатузо. Претседателот на Наполи
сметаше дека ваквиот потег ќе го врати тимот на победнички патеки, но наместо
работите да тргнат на подобро, тие одат на полошо.

Вечерва Наполи со 0-2 загуби дома во пресметката со Фиорентина. Киеза ги донесе „виолетовите“ во
предност во првото полувреме, а Влаховиќ со прекрасен погодок во продолжението
ги осигура трите бода.

За домаќините ова
беше трет пораз во низа односно четврти на последните пет меча. Ваквата серија
значеше изедначување на негативен рекорд. Џенаро Гатузо е првиот тренер по Зденек Здеман (во 2000 година) кој има дури четири порази од првите пет
натпревари како тренер на Наполи во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×