Наполи на маса има две понуди од по 75 милиони за Осимен, се разликуваат по една работа

by bojan
1 минути читање
Наполи и Галатасарај постигнале вербален договор за трансфер на Осимен

Ал Хилал синоќа доставил нов предлог за трансфер на Виктор Осимен, на маса се ставени 75 милиони евра, кои ќе бидат платени на две рати.

Галатасарај неколку дена води интензивни преговори со Наполи за ангажман на Виктор Осимен, но никако да пронајде заеднички јазик со условите под кои ќе се реализира зделката.

Како што пренесува новинарот Матео Морено, доцна синоќа Ал Хилал повторно тропнал на вртата на Наполи и доставил нова понуда.

Клубот од Саудиска Арабија на маса ставил предлог од 75 милиони евра, сума која ќе биде платена на две рати, односно 37,5 милиони евра оваа година, и 37,5 милиони евра следната година.

Галатасарај исто така нуди 75 милиони евра за услугите на Виктор Осимен, но структурата е различна – шампионот на Турција предлага сега да плати 40 милиони евра, следната година уште 17,5 милиони евра, и  додатни 17,5 милиони евра во мај 2027.

Првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во моментов нема дадено зелено светло за ниту една од двете понуди, преферира сите 75 милиони евра да ги добие веднаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×