Медиумите од Италија пренесуваат за можна трампа помеѓу Наполи и Ливерпул во која ќе бидат инволвирани Дарвин Нуњез, Федерико Киеза и Виктор Осимен.
Наполи и ова лето се обидува да му најде нов клуб на Виктор Осимен, во последно време се говори за можноста напаѓачот да се пресели на Енфилд и тоа во спектакуларна трампа во која ќе бидат инволвирани Дарвин Нуњез и Федерико Киеза.
Сепак, двата клуба имаат разлика во тоа како ги вреднуваат фудбалерите и како би изгледала зделката.
Наполи го проценува Дарвин Нуњез на 40 милиони евра, додека пак Федерико Киеза на 10 милиони евра, и со оглед на тоа дека откупната клаузула на Виктор Осимен е 75 милиони евра, бара Ливерпул да доплати и 25 милиони евра.
„Црвените“ пак имаат својата математика, тие сметаат дека Дарвин Нуњез вреди повеќе од 50 милиони евра, додека пак Федерико Киеза помеѓу 10 и 15 милиони евра, и веруваат дека овие двајца фудбалери се доволни за да го добијат потписот на Виктор Осимен без да доплатат.
Останува да се види дали преговорите ќе прогресираат и ќе биде пронајден некаков компромис.
ФОТО: X/Galatasaray S.K.