По девет натпревари без победа по ред, Наполи конечно се израдува на триумф откако убедливо го совлада Генк во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите.
Милик имаше свое шоу на Сан Паоло. Полскиот напаѓач за 35 минути успеа да постигне хет-трик и да ги реши сите дилеми околу победникот.
На 15 минути до крајот Мертенс од пенал само ги постави конечните 4-0.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас остана на клупата на овој натпревар.
Ливерпул не смееше да загуби на гостувањето кај Салцбург. Европскиот шампион ја покажа својата сила во Австрија и со триумф од 2-0 го завери пласманот во осминафиналето.
Мечот беше решен за две минути, Кеита погоди во 57., а во следниот напад реализираше и Салах за конечен резултат од 2-0.