По три нерешени меча по ред, Наполи конечно се израдува на победа откако го совлада Сасуоло со 1-0 и освои три бода кои беа неопходно за продолжување на сонот за Скудето, но Елиф Елмас предвреме го напушти мечот поради повреда.
Повредата на Елмас не е физичка, последните информации од Италија велат дека македонскиот фудбалер почувствувал силна вртоглавица и поради тоа побарал да биде заменет во 57. минута.
Во текот на вечерта ќе се знае поконкретно за што точно се работи.
Што се однесува до мечот, Елмас шутираше во седмата минута, голманот на Сасуоло го одбрани неговиот удар, топката дојде до Лоботка кој постигна гол за водство на Наполи од 1-0. Тоа беше и единствениот гол на мечот.