Наполи „пукаше“ со ќорци на гостувањето во Верона, Киево одолеа на нападите и му откина два бода на фаворитот.
Гостите го имаа поседот на топката, притискаа 90 минути но не успеаја да го најдат патот до мрежата на „Летечките Магариња“.
Јувентус исто така се мачеше со новајлијата Беневенто, но шампионот на крајот стигна до трите бода.
Гостите на големо изненадување водеа на полувреме со погодокот на Чичирети во 19. минута.
Сепак, Игуаин и Квадрадо се погрижија работите да си дојдат на свое место во вториот дел.
Најпрво Аргентинецот изедначи на 1-1 во 57. минута, а потоа Колумбиецот во 66. минута донесе 2-1.
Фиоретина и Рома одиграа возбудлив натпревар со шест погодоци во кој на крајот гостите славеа со 2-4. Каљари дома со 2-1 ја доби пресметката со Верона.