Наполи ќе почне преговори со Лајпциг, целта е да се задржи Елмас!

by riste
1 минути читање

Елмас се препороди по враќањето во Наполи, македонскиот фудбалер неодамна доби и огромни пофали од Антонио Конте кој посакува да го задржи Елиф.

Елмас во Наполи игра на позајмица до крајот на сезоната, а во договорот меѓу двата клуба има и клаузула за откуп со сума од 17 милиони евра.

Конте побарал од Наполи да го откупат Елмас бидејќи му е еден од најкорисните играчи во тимот и сака да го има и наредната сезона.

Претседателот на Наполи, Де Лаурентис ќе се обиде во преговорите со Лајпциг да изнуди намалување на сумата од 17 милиони евра.

Елмас со игрите покажа дека заслужува да го носи светло синиот дрес, сега на потег е раководството на Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×