218
Наполи пред крајот на претходната сезона навистина размислувал за сензационален потег, доведување на Нејмар.
Според медиумите во Италија, од јануари до мај годинава челниците на клубот воделе конкретни разговори околу стратегијата за потенцијален трансфер на бразилската ѕвезда.
На крајот, сепак, идејата била напуштена. Наполи го доведе Кевин Де Брујне, а раководството проценило дека дополнителниот ангажман на Нејмар би можел да го наруши балансот и хемијата во екипата.
И покрај тоа, неаполскиот клуб останува амбициозен и не ја исклучува можноста во иднина да донесе уште едно големо име.