По пауза од три натпревари, Наполи победи на еден меч, денеска на свој терен ја совладаа Аталанта со 3-1.
Наполи имаше мини серија од три меча без победа и без постигнат гол, денеска тимот на Конте изгледаше поинаку.
Наполитанците беа импресивни во првото полувреме кога ги постигнаа сите голови.
Резултатот го отвори Давид Нерез во 17. минута, а истиот фудбалер во 38. минута зголеми на 2-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Ланг зголеми и на 3-0. Веќе беше јасно кој ќе биде победникот од овој дуел.
По седум минути игра во вториот дел Скамака реализираше за 3-1. За мала надеж за Аталанта, но тоа беше се што направија.
Во 69. минута Елиф Елмас влезе во игра на местото од Ланг, македонскиот фудбалер одлично го доигра мечот.