416
Како што се очекуваше Елиф Елмас ќе биде во составот на Наполи за натпреварите од Лигата на шампионите, а на него го нема Ромелу Лукаку кој е во аут поради повреда.
Елмас е регистриран со бројот 20, тоа ќе биде неговата нова бројка на дресот во тимот на Наполи.
Таа е вкупно трета, најпрво носеше 12, па го зема бројот 7, но тој е зафатен. Изборот падна на 20.
Што се однесува до Лукаку, се очекува тој околу три месеци да биде во аут, тоа значи дека ќе биде регистриран за настап во ЛШ од јануари.
Лукаку нема да игра ниту за Белгија на мечот против Македонија кој е во следниот квалификациски прозорец.