Наполи со 2-1 го победи Јувентус во големото дерби од Серија А, Елиф Елмас го одигра целиот натпревар, херој беше Расмус Хојлунд кој ги постигна и двата гола за Наполитанците.
Елиф Елмас беше стартер на мечот, ги одигра сите минути. Македонскиот фудбалер играше како дефанзивен играч од средниот ред и одлично си ја заврши работата.
Наполи влезе фуриозно во мечот, поведе со гол на Хојлунд уште во седмата минута од натпреварот.
Јувентус се мачеше, тешко создаваше шанси. Но, израмнија од првиот шут во рамките од голот на Милинковиќ-Савиќ. Тоа се случи во 59. минута кога по асистенција од Мекени, Јилдиз реализираше за 1-1.
Победничкиот гол се случи во 78. минута кога Мекени овојпат несреќно асистираше со глава до Хојлунд кој по вторпат погоди, овојпат за победа од 2-1.