176
Наполи во Милано отпатува по пораз од Лече на свој терен, но и покрај тоа успеа да го победи Интер кој е лидер во Серија А.
Наполитанците ги имаа подобрите шанси на натпреварот и на крајот сосема заслужено се радуваат на предноста.
Клучниот момент се случи во 57. минута кога Фабиан Руиз постигна убав гол за победа од 1-0.
Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути и беше одличен на теренот.