Наполи го купи Милик за 35€ милиони, а пред неколку години им го нуделе за 1,5€ милиони

by
1 минути читање

Минатото лето Наполи му плати на Ајакс 35 милиони евра за да го купи Милик кој се покажа како одлично засилување во воведниот дел од сезоната, сега е надвор од теренот поради повреда.

Агентот Џанлука Ди Карло кој е експерт за полскиот фудбалски пазар, открива дека пред неколку години му го нудел Милик на Наполи за 1,5 милиони евра.

„Го нудев во Италија и кога тој имаше само 17 години, тогаш за сума од 400.000 евра. Пред пет години им го понудив на Наполи за околу 1,5 милиони евра“ – вели Ди Карло.

„Тие тогаш рекоа не, но очигледно во меѓувреме се предомислиле“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани