556
Наполи со 2-1 го победи Милан во големото дерби и остана во трка за Скудетото.
Тимот на Антонио Конте поведе уште во втората минута од натпреварот кога Политано даде гол за водство од 1-0.
Веќе во 19. минута Лукаку зголеми на 2-0. По оваа предност Наполи се повлече, а Милан ја презема иницијативата.
Во 69. минута Милан имаше огромна шанса да се врати во игра, но Хименез промаши пенал.
На шест минути пред крајот Јовиќ даде гол за 2-1. Остана уште малку време во кое Милан напаѓаше за да се спаси од пораз, но не успеа.