„Наполи е вистинското место за Елмас, а тој ќе треба да го замени Пандев како лидер во репрезентацијата“

by
1 минути читање

Македонскиот
репрезентативец и член на италијанскиот прволигаш Наполи, Елиф Елмас во
Работнички пред трансферот во Фенербахче беше под кормилото на тренерот Виктор
Треневски , а тој за италијанските медиуми тврди дека нашиот фудбалски бисер е
на вистинското место доколку сака да стане ѕвезда, подвлече дека токму тој ќе
треба да ја замени улогата на Горан Пандев за лидер во нашиот национален
фудбалски состав.

Елиф е
фудбалерот кој ќе треба да ја преземе одговорноста за лидер во македонската
репрезентација по Горан Пандев, но за сето тоа да се оствари му претстои работа, потребно е
време, ние се надеваме дека нашата репрезентација ќе продолжи по добар пат, но
сето тоа ќе зависи од сите, а не од индивидуалци, Италија на Европското
првенство беше добар пример
“ вели Треневски во интервјуто за „Калчонаполи“.

Нема подобро
место од Неапол и тамошниот стадион „Диего Марадона“ доколку некој сака да
стане ѕвезда, Елмас е на вистинското место, тој по Европското првенство е
погладен за успех, позрел и подготвен да се развива, а со Спалети како тренер
во Наполи мислам дека ќе се направи разлика во однос на Гатузо, со него Наполи
ќе напредува, а со самото тоа и нашиот Елмас
“ подвлекува Треневски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×