Напаѓачот на автобусот на Борусија Дортмунд е Русин кој имал голем финансиски мотив

by
1 минути читање

Утринава германската полиција го уапсила 28-годишниот Сергеј В. кој е жител на Германија но има руско потекло. Тој е осомничен за нападот на автобусот на Борусија Дортмунд.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека не се работи за терористички напад, туку зад немилиот настан стои голем финансиски мотив.

Сергеј В. бил берзански шпекулант кој со нападот планирал да ги намали акциите на Борусија Дортмунд и така да заработи голема сума.

Осомничениот престојувал во истиот хотел како и тимот на Борусија Дортмунд, тој купил 15.000 продажни опции (која носи добивка кога вредноста на акцијата се намалува) за 78.000 евра поврзани со акциите на клубот. Хартиите од вредност имале рок до 17 јуни.

На почетокот на април подигнал кредит со кој во истиот ден на нападот ги купил продажните опции. Целта му била со нападот, доколку има повредени или загинати играчи, цените на акциите да паднат, а тој на берзата да добие голема финансиска добивка.

Сега тој е во притвор и се сомничи за обид за убиство на преку 20 членови на Борусија Дортмунд, фудбалерите и стручниот штаб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани