Напаѓачот кој на Интер му ја донесе тројната круна, го советува Лаутаро да оди во Барселона

by
1 минути читање

Диего Милито беше еден од клучните играчи на Интер кога тие со Жозе Мурињо ја освоија тројната круна. Во финалето од Лигата на шампионите тој ги постигна двата гола против Баерн Минхен.

Иако има значајно место во историјата на Интер, тој го советува Лаутаро да не ја пропушта можноста за преселба во Барселона и да игра крај Лео Меси.

„Тој е во Интер бидејќи е голем фудбалер. Добро му е со нероазурите, но играње во Барселона, со Меси, тоа е одлична можност за него“, вели Милито за „Мувистар“.

„Слушнав многу гласини и не знам што ќе се случи. Лаутаро е комплетен играч, прави брилијантни работи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×