Напаѓачот на Вест Хем ја објави првата фотографија по несреќата во која можеше да го загуби животот (ФОТО)

by Стефан
8 минути читање

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио за првпат се огласи на социјалните мрежи по тешката сообраќајна несреќа во која можеше да го загуби и животот.

Антонио вчера ја напушти болницата во која помина 22 дена, а на социјалните мрежи објави фотографија од него со порака во која објаснува дека сега повеќе го цени секој момент во животот.

„Сакам да го искористам моментот да признаам нешто што сфатив – поминав толку години зимајќи го животот „здраво за готово“. Правев планови за следниот ден, следната година, секогаш по претпоставка дека утре е загарантирано. Видов блиски пријатели како умираат, видов и како други се соочуваат блиску до смртта, а дури ниту тогаш во целост не сфатив колку животот е драгоцен.

Она низ кое поминав неодамна ми ги отвори очите. Животот е краток и секој момент е важен. Благодарен сум на Бог што ми даде сила да продолжам понатаму и што ми дозволи се уште да бидам тука“, стои меѓу другото во пораката на Антонио на социјалните мрежи.

Во несреќата фудбалерот се здоби со повеќе скршеници и засега не е познато дали ќе ја продолжи кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани