846
Џон Дуран беше исклучен на Боксинг Деј во натпреварот меѓу Њукасл и Астон Вила (3-0).
Младиот напаѓач во еден дуел со Фабиен Шер беше невнимателен и го удри ривалот неколку пати со нога. За тоа судијата му покажа црвен картон и го испрати во соблекувалната.
Very harsh on Jhon Duran that, red card villa pic.twitter.com/TmUeXzKdvu
— Coco LFC (@cocobeans41) December 26, 2024
21-годишниот Дуран беше бесен поради одлуката, па при излегувањето од теренот направи сцена и почна да шутира шишиња. Сега, „за памет“ ФА реши да му даде суспензија во должина од три натпревари.