Напаѓачот кој го победи ракот си ја исполни желбата, потпиша договор со клубот кој многу му значи

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Себастијан Алер потпиша едногодишен договор со холандски Утрехт.

Напаѓачот од јануари беше на позајмица во овој клуб, а сега и официјално стана член на клубот каде што некогаш настапуваше.

„Среќен сум и задоволен. Ова лето имаше навистина голем интерес од други клубови, но за мене секогаш имаше само едно идеално сценарио и тоа беше потпис со Утехт. Иградивме нешто големо минатата сезона и сакам да продолжам да бидам дел од таа приказна“, истакна Алер.

Во дресот на Утрехт, Алер постигна шест голови и му помогна на тимот да го задржи четвртото место во лигата. Претходно голгетерот го носеше дресот на овој клуб од 2015 до 2017 година и во тој период постигна 30 голови на 65 натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×