Нападнати судиите во Куманово по мечот меѓу Башкими и Беласица! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Натпреварот од Втората македонска фудбалска лига меѓу Башкими и Беласица кој се играше вчера (среда) заврши 1-1, а по мечот биле нападнати судиите.

Според билтенот на МВР, судиите биле попречувани да влезат во соблекувалната по крајот од натпреварот, тоа успеале да го сторат дури по интервенција на полицијата. А во меѓувреме бил оштетен автомобилот на едниот од судиите.

„На 25.09.2024 во СВР Куманово било пријавено дека по завршување на фудбалски натпревар од втората фудбалска лига помеѓу екипите на Башкими и Беласица, на стадионот на Башкими, судиите биле попречувани да влезат во нивните службени соблекувални. По интервенција на полициските службеници, судиите влегле во соблекувалните, а откако го напуштиле стадионот забележале дека возилото „фиат браво“ со скопски регистерски таблички, сопственост на еден од судиите, било оштетено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани