„Каталонците“ се во потрага на замена за Луис Суарез кој четири месеци ќе
паузира и практично за него сезоната е завршена. Родриго од Валенсија беше
идентификуван како топ трансфер цел, со денови се водеа преговори, но двата
клуба не успеаја да најдат компромис за условите под кои ќе се реализира зделката.
Барселона потоа се поврзуваше со уште неколку имиња, и едно од нив е Седрик
Бакамбу, кој ќе има неверојатна приказна за раскажување.
Како што пренесуваат медиумите, во средата навечер, Ерик Абидал стапил во
контакт со агентите на напаѓачот и ги известил дека сакаат да го донесат голгетерот
на позајмица на Камп Ноу со опција во целост да го купат летоска.
Раководството на Пекинг Гуан знаело дека ваква шанса се укажува само еднаш
во кариерата, па дало зелено светло за зделката. Седрик Бакамбу, кој само што
стигнал од Дубаи во Сеул, каде Пекинг Гуан е на припреми, почнал да ги пакува
куферите и да го планира патот до Барселона.
Фудбалерот од Конго се качил на лет за Хонг Конг од каде требал да организара
лет за Шпанија. Но кога пристигнал во Хонг Конг, добил повик од Ерик Абидал,
кој го известил дека трансферот нема да се реализира, Барселона во последен
момент решила да се повлече од зделката.
Па наместо во
авион за Шпанија, Седрид Бакамбу фатил лет за назд во Сеул. Самиот играч ги
потврди сториите и се пошегува на своја сметка откако побара од
специјализираниот портал „Трансфермаркт“ да го заведе како „за малку играч на
Барселона“.
Yo @Transfermarkt change my transfer history with “Almost @FCBarcelona” please
No matter what happens we trust the process.
Thank God for everythingSee you an other time @AntoGriezmann https://t.co/eeOzZMU7V2
— Cédric Bakambu (@Bakambu17) January 30, 2020