Наместо отказ, Тиаго Мота доби две барања од Јувентус

by bojan
1 минути читање
Мота

Медиумите од Италија пренесуваат дека раководството на Јувентус денеска имало состанок со Тијаго Мота, стратегот добил две барања – да ја подобри стабилноста на дефанзивата и да го подигне тимскиот дух.

Јувентус врза два тешки порази во пресметките со Фиорентина и Аталанта на кои прими дури 7 погодоци и не даде ниту еден гол.

Па денеска беше одржан долг состанок помеѓу раководството на клубот, поточно директорите Кристијано Џунтоли и Маурицио Сканавино и тренерот Тијаго Мота.

Но наместо отказ, стратегот добил две барања – да ја подобри стабилноста на дефанзивата и да го подигне тимскиот дух.

И покрај тоа што сериозни повреди заработија Бремер и Кабал, дефанзивата на Јувентус долго време беше најдобра во Серија А, а сега прими 7 голови на два натпревари, нешто што е неприфатливо.

Тијаго Мота исто така мора да го подобри тимскиот дух, да покаже повеќе емпатија и да ја подобри конекцијата со играчите.

Изминатиов период ова често е тема во анализите на стручните коментатори, како тоа Тијаго Мота ја губи соблекувалната, како играчите не се доовлно мотивирани и изостанува реакција кога работите не одат според планот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани