Наместо да реализира трансфер од 60 милиони фунти, Тотнем доби тужба

by bojan
1 минути читање

Нотингем Форест поднесе жалба по обидот на Тотнем да го ангажира Морган Гибс Вајт за 60 милиони фунти.

Минатата недела, голем број на извори објавија дека Тотнем е пред ангажман на Морган Гибс Вајт во зделка вредна околу 60 милиони фунти.

Но само 24 часа подоцна се појавија информации кои велеа дека трансферот е на стенд бај откако Нотингем Форест се заканил со тужба.

Популарните „шумари“ сметаат дека откупната клаузула во договорот на Морган Гибс Вајт е деловна тајна, и таа тајна е нарушена чим Тотнем со 60 милиони фунти ја активирал откупната клаузула.

Па Нотингем Форес утрово и формално поднесе жалба против „спарси“.

Останува да се види дали Нотингем Форест ќе може да го блокира трансферот, или пак само се обидува да извади некој милион повеќе.

ФОТО: X/Nottingham Forest

Можно е и ова да ти се допаѓа

×