241
Алиша Леман се смета за една од најубавите фудбалерки на светот, а сега таа има нов клуб.
Доскорешната фудбалерка на Јувентус се прости од „бјанконерите“ и во новата сезона ќе настапува во нова средина. Леман сепак ќе остане во Италија и ќе настапува во редовите на Комо.
Во одлуката да остане на „чизмата“ веројатно влијаеше фактот дека таа е во љубовна врска со Даглас Луиз кој настапува за Јувентус.
Во својата кариера Леман настапуваше уште за Фруе, Вест Хем, Евертон и Астон Вила.