Најтрофејниот македонски клуб го слави 78. роденден!

by 24 фудбал
0 минути читање

Вардар денеска слави 78 години постоење, само два дена пред европскиот предизвик против Лозана во Конференциската лига.

Клубот е формиран на денешен ден во 1947 година и низ децении изгради статус на најголем спортски бренд во Република Македонија.

Вардар има шампионска титула и куп во поранешна Југославија, а по осамостојувањето стана доминантна сила на домашната сцена со шест титули во Првата лига.

По неколку години пауза, црвено-црните се вратија на европската сцена и успешно го минаа првото квалификациско коло против Ла Фиорита. Сега за тимот на Гоце Седлоски следува нов предизвик и борба против Лозана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×