Најтешките зборови од интервјуто на Меси: Барса нема проект, нема ништо… само залажување и пополнување дупки

by
1 минути читање

Лео Меси останува
во Барселона, Аргентинецот не сака да оди на суд против клубот кој му даде се,
па ќе ја одработи последната година од договорот.

Во интервју за Гоал,
напаѓачот образложи зошто решил да замине од Камп Ноу, како претседателот Жозеп
Мариа Бартомеу го маткал со месеци, зошто морал да испрати официјален допис и
зошто на крајот решил да се предомисли.

Веројатно најтешки
се зборовите дека „каталонците“ подолго време немаат победнички проект, а раководството
само залажува и пополнува дупки.

„Секако дека ми
беше тешко кога ја носев одлуката. Не беше само срамниот пораз од Баерн, се
насобраа многу работи. Постојано велев дека сакам да ставам крај на кариерата
тука и дека сакам да останам. Но барав победнички проект и да освојуваме
титули, да ја продолжиме легендата за Барселона. Вистината е сосема друга,
подолго време нема проект, нема ништо, раководството само залажува и пополнува
дупки“
– вели Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×