Најтажната слика од „островот“: Млад навивач заплака по елиминацијата на Арсенал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Арсенал доживеа нов удар оваа сезона, откако беше елиминиран од Саутемптон во ФА Купот и остана без уште една можност за трофеј (2-1).

„Топчиите“ претходно го загубија и настапот во Карабао Купот, па до крајот на сезоната ќе ги насочат сите сили кон Премиер лигата и Лигата на шампионите. Разочарувањето кај навивачите беше очигледно по елиминацијата во четвртфиналето, а емотивните сцени од трибините најдобро ја доловија атмосферата.

Во центарот на вниманието се најде едно дете кое не можеше да ги задржи солзите по поразот, плачејќи во прегратките на својот придружник по последниот судиски свиреж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×