„Гаучосите“ вчера
го фатија последниот воз за Русија, и кој друг ако не Лео Меси ги однесе на
мундијалот.
Ѕвездата на Барса
постигна хет-трик за победа од 1-3 на незгодното гостување во Кито, па фановите
на стадионот „Атахуалпа“ имаа причина за славје.
Но средбата
особено беше посебна за еден фан, кој успеа да го фати дресот кој Лео Меси го
фрли на трибините по крајот на средбата.
Видеото веднаш
стана вирално на социјалните мрежи, на навивачот не му се веруваше со каков
сувенир ќе си оди дома. Откако со солзи во очите го облече дресот, почна да
скандира „Одиме на светско“ а сите други му се придружија во славјето.
Еден очевидец на
целиот настан вели: „Му кажавме добро да се грижи бидејќи ова не е обичен дрес,
ова е дресот на Меси. И не само тоа, ова е дресот со кој Меси постигна три гола
против Еквадор и не однесе на Светско првенство”.