Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте повторно ќе го облече националниот дрес, откако селекторот Дидие Дешамп го вклучи на списокот за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство 2026 година.
Популарниот Канте, кој со години важи за симбол на скромност и неуморна борба во средниот ред, повторно ќе биде дел од „триколорите“ по пауза од една година. Според пишувањата на француските медиуми, Дешамп сериозно смета на него и му подготвува минутажа на мечевите против Украина и Азербејџан.
Последен пат, Канте настапи за Франција во ремито 0-0 против Израел во Лигата на нации. Искусниот играч досега има 64 настапи за националниот тим, со два постигнати гола и две асистенции.