Најскапото засилување на Брентфорд се повреди по три недели и ќе паузира до крајот на годината

by bojan
1 минути читање
Игор Тијаго

Од таборот на Брентфорд информираа дека напаѓачот Игор Тијаго имал операција на менискусот на коленото и ќе паузира до крајот на годината.

Брентфорд уште во јануари го купи Игор Тијаго во зделка вредна околу 32 милиони фунти и го направи Бразилецот најскап трансфер во својата историја.

Напаѓачот сепак остана во Клуб Бриж до крајот на сезоната, и се пресели во Лондон на почетокот од јули.

Но само дваесетина дена подоцна, на контролниот натпревар против Вимблдон заработи сериозна повреда.

Од таборот на Брентфорд попладнево информираа дека Игор Тијаго имал операција на менискусот на коленото и ќе паузира до крајот на годината.

Ова може да влијае и на иднината на Ајван Тони, кој е мета на неколку клубови  како Манчестер јунајтед, Челси и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани