Најскапиот фудбалер од Балканот може во затвор дури до 12 години! Лука Јовиќ ја налути цела Србија

by
1 минути читање

Лука Јовиќ
минатото лето направи трансфер на Сантијаго Бернабеу вреден 60 милиони евра и
стана најскап фудбалер од Балканот. Но тој не ги исполнува очекувањата, па
често е во фокусот на јавноста за слабите партии и малата минутажа.

Тој сега одново е
на тапет, но не поради тоа што не игра кај Зинедин Зидан. Напаѓачот во средата
се вратил во Белград за роденденот на неговата девојка, и наместо да биде во самоизолација бидејќи доаѓа од земја
(Шпанија) со висок ризик, тој слободно се шета.

Синоќа јавно беше
прекорен од српската премиерка Ана Брнабиќ, која иако не го спомена лично, на
сите им е јасно за кого беа наменети пораките.

„Сите ги видовме
примерите на нашите фудбалери, кои доаѓаат од странство каде имаат милионски
договори, тука не седат во самоизолација и надлежните органи особено ќе
посветат внимание на ова“
– порача Ана Брнабиќ.

Утрово се огласи
и министерот за внатрешни работи, кои соопшти дека се поднесени 87 пријави и откри
дека казната е една до 12 години затвор.

„Тоа што се
спортисти, што се имотни, нема да не спречи да ги казниме. Или ќе ги почитуваат
правилата, или ќе одат во затвор. Веќе поднесовме пријави за неколку имотни
спортисти. Казните се една до 12 години затвор. Ќе одговараат кога судот ќе
одлучи“
– изјави Небојша Стефановиќ.

Се огласи и таткото
на Лука Јовиќ, кој го брани својот син и објаснува дека добил дозвола од Зинедин Зидан и Флорентино Перез да се врати дома, и пред да се качи во авион бил тестиран во Шпанија
и резултатите биле негативни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×