Најпознатиот шпански медиум го понижи дефанзивецот на Реал: За настапот против ПСЖ го оцени со нула!

by Стефан
1 минути читање

Медиумите во Шпанија еден ден по дебаклот против Пари Сен Жермен во полуфиналето на Светското клупско жестоко ги критикуваат фудбалерите на Реал Мадрид, а најлошо помина дефанзивецот Раул Асенсио.

Асенсио не се прослави против актуелниот европски шампион и направи грешка уште на стартот со која ПСЖ го отвори резултат.

Покрај лошиот настап во полуфиналето новинарите на „Марка“ потенцираат дека Асенсио одиграл лошо и на претходните дуели на турнирот.

За настапот против ПСЖ доби оценка „нула“ и навистина е реткост некој фудбалер за својот настап да биде оценет на таков начин.

„На Светското клупско првенство униши се добро од почетокот на сезоната и поради тоа не доби шанса. Направи три лоши грешки во три разлчни натпревари и тие го прикажаа во лошо светло, не само за клубот, туку и за репрезентацијата“, објаснува „Марка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×