Голем број на извори пренесуваат дека Рексам сака да го ангажира Сидики Шериф од Анже, клубот од Велс е подготвен да плати 19 милиони фунти, што ќе биде најскапиот трансфер на сите времиња кога е во прашање втората англиска лига.
Рексам стана хит откако на чело на клубот застанаа холивудските глумци Рајан Рејнолдс и Роб МекЕлхени, брзо стигнаа до втора лига, а сега имаат и амбиции за влез во елитата.
За таа цел, популарните „црвени змејови“ се подготвени да реализираат трансфер бомба до крајот на зимскиот преоден рок.
Неколку извори денеска објавија дека Рексам сака да го ангажира Саидки Шериф од Анже во зделка вредна околу 19 милиони фунти.
Со ваква сума, ова ќе биде најскапиот трансфер на сите времиња кога е во прашање втората англиска лига.
Интересно, за услугите на Сидики Шериф во моментов интерес пројавува и Кристал Палас, но Рексам не се плаши од конкуренцијата на далеку поголемиот клуб од Премиерлгата.
Изминатиов период, напаѓачот беше и на радарот на Милан и Рома, па доколку Рексам успее да го ангажира, тоа ќе биде големо изненадување.
ФОТО: X/Angers SCO