Голот е во судиското продолжение од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Милан и Ајакс од пред 17 години. Натпреварот во Амстердам заврши без голови, а на Сан Сиро беше 2-2 до самиот финиш кога Пипо Инзаги постигна гол за победа од 3-2 и пласман на росонерите во полуфиналето.
Голот му е запишан на Јон Дал Томасон кој ја допре топката пред таа да ја помине гол линијата.
„Неверојатно е дека тоа беше пред 17 години а се уште се возбудувам кога ќе помислам на тој ден“, вели Инзаги.
„Чувството е како да беше вчера. Некои ноќи остануваат во вашето срце засекогаш. Најинтересната работа е што ако прашате било кој фан на Милан кој мој гол му е омилен со исклучок на финалето во Атина, тие ќе кажат оној во судиското продолжение против Ајакс, но голот не ми беше запишан мене“.
„Доколку линискиот судија погрешеше, можеше да крене и офсајд. Но Милан ја освои Лигата на шампионите таа сезона. Понекогаш фудбалот е навистина неверојатен“.