Најоспоруваниот стопер на денешницата ќе добие нов договор од Манчестер Јунајтед

by 24 фудбал
1 минути читање

Хари Мегваер би можел да ја продолжи својата авантура на „Олд Трафорд“. Англискиот дефанзивец во последните денови е во преговори со управата на Манчестер јунајтед околу продолжување на соработката, а двете страни се блиску до договор за условите на новиот контракт.

Од клубот се задоволни од влијанието што Мегвајер го има и на теренот и во соблекувалната во последно врем. Иако во минатите преодни рокови се шпекулираше дека би можел да ја промени средината, трансферот никогаш не се реализира.

Откако пристигна од Лестер за 87 милиони евра, Мегвајер одигра со променливи партии и често беше под лупа на јавноста поради грешки во одбраната. Сепак, во последниот период покажа стабилност и повторно се наметна како еден од лидерите на тимот.

Во Манчестер веруваат дека искусниот стопер може да ја продолжи добрата форма и да остане важен дел од проектот на „црвените ѓаволи“. Инаку, Мегваер со сигурност е најкритикуваниот стопер на денешницата, откако имаше лоши неколку години на „Олд Трафорд“ и критиките не му помагаа да ја врати самодовербата. Сепак, Англичанецот делува дека ја надмина кризата и се враќа во посакуваната форма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×