Канелас 2010 важи
за најнасилнаа екипа во светот на фудбалот, португалскиот четвртолигаш е
составен од ултрас навивачи на Порто.
Голем дел од
противниците не сакаат да играат против нив па одбиваат да се појават на
средбите и преферираат предвреме да се предадат и да си платат казна отколку да
се справуваат со агресијата на теренот.
Изминатиов викенд
Канелас 2010 играше против Рио Тинто и се случи голем инцидент по само две
минути.
По меѓусебно
кошкање со противнички играч, Марко Гонсалвеш доби црвен картон, па незадоволен
од одлуката, му удри колено во глава на судијата.
Потоа на теренот
притрча полицијата, но играчите на Канелас 2010 не се исплашија од нив, почнаа да тераат правда и со луѓето задолжени за радот и направија нова
мешаница.