„Најк“ креирал специјални копачки за Винисиус по повод „Златната топка“, но…

by riste
1 минути читање

Сите очекуваа дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, но тоа не се случи, на крајот таа му беше доделена на Родри.

По вчерашниот бурен ден, денеска испливуваат на површина разни информации поврзани со прераното славење на Винисиус и останатите околу него.

Според новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегања, спонзорот на Винисиус, „Најк“ дизајнирал посебни копачки за фудбалерот во чест на „Златната топка“.

„Најк“ организирале и цел настан во Мадрид за Винисиус кој требало да се случи денеска, а на него требало да присуствува фудбалерот, луѓе блиску до нив и инфлуенсери.

Сето ова пропаднало во вода по информацијата дека Винисиус нема да ја добие „Златната топка“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани