Најголемите губитници од квалификациите за СП: Пред последното коло беа лидери, а на крајот останаа и без бараж!

by Стефан
1 минути читање

Африканските квалификации за Светското првенство завршија вчера, по што стана јасно кои девет селекции обезбедија директен пласман, како и кои четири второпласирани ќе играат во интерконтиненталниот бараж, а најголеми губитници од последното коло веојатно се фудбалерите на Бенин.

Репрезентацијата на Бенин во решавачкото коло влезе како лидер во групата „Ц“ со 17 бода, пред Јужна Африка која имаше 15 и Нигерија со 14 бода. За Бенин постоеа две можности за историски пласман на Мундијалот, победа против Нигерија која ќе значеше директен пласман, или реми под услов Јужна Африка да не победат дома против Руанда.

Но, нивните соништа се распаднаа уште во Абуџа, каде што Нигерија славеше убедливо со 4:0. Истовремено, Јужна Афрка рутински ја совлада Рванда со 3:0, па Бенин од првото место падна на третото и остана без никаква шанса дури и за бараж.

Така Јужна Африка обезбеди директен пласман на Мундијалот, одека Нигерија ќе игра бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×