2,2K
ФИФА како светски
клупски шампиони ги сметаше само оние кои победиле по турнирскиот систем кој
беше воведен од 2005 година.
Но, светската
куќа на фудбалот денеска донесе нова одлука со која за светски шампиони се
сметаат сите кои победиле и од 1960 до 2004 година кога за круната се бореа
само шампионот на Европа и Јужна Америка.
Во 1991 година
Црвена звезда со капитенот Илија Најдоски и златната копачка Дарко Панчев со
убедливи 3-0 го победија Коло Коло од Чиле и го освоија Интерконтиненталниот Куп.
Од денеска според
ФИФА, Црвена звезда и официјално е запишана како светски клупски шампион од
1991 година.