Регионот се
присетува на европската титула на Црвена звезда, тим во кој настапуваа и нашите
Илија Најдоски и Дарко Панчев, а токму вториот на крајот се покажа како херој
во завршницата од пенал серијата во која совладан беше фаворитот Олимпик
Марсеј.
Најдоски во интервју за српски „Моцарт“ се присетува на тие убави моменти од мечот кој се
одигра во Бари, за чија испишана историја се слави јубилеј од цели три децении.
„Слабо го
одигравме тој натпревар, имаше многу тактика, не одигравме како што знаевме, а
воедно и притисокот си го стори своето, знаевме дека Марсеј е одлична екипа, со
одлични индивидуалци“ вели во интервјуто нашиот поранешен фудбалер, кој се уште
го чува раскрварениот дрес.
„Го сочував
дресот од првото полувреме, тој се уште не е испран, има траги од крв на него, сите други ги снема, но тој се
уште е во мојот дом, нема шанси да го снема“ подвлекува Најдоски.
Во интервјуто, Најдоски
нагласува дека тактиката не била да се бранат, туку како таков им се наметнал
самиот натпревар, не сакале да си дозволат кикс, а додаде и дека да се
изведуваат пенали секогаш е потребно смиреност, а одговорноста е голема,
алудирајќи на пенал серијата, во која клучниот гол го постигна Дарко Панчев.